ЕПО хормонот повторно во велосипедизмот

Прв спортист откриен дека користи ЦЕРА беше италијанскиот велосипедист Рикардо Рико.

 |  Крсте Голабовски  | 
Ricardo Rico
Рикардо Рико

Тестовите на допингот ЦЕРА не се објавени во Пекинг, меѓутоа затоа што крвните зрнца беа потхранувани во лабораторија, беа повторно тестирани. ЕПО е хормон на надбубрежната жлезда и е одговорен за развивањето на црвените крвни зрнца, а првобитно е замислен како лек за бубрежните болни. ЕПО ја стимулира продукцијата на црвените крвни зрнца, а со тоа и капацитетот на брзото пренесување на кислородот до виталните органи на телото, а особено до мускулите. Кога мускулите добиваат повеќе кислород тие подобро работат и им се зголемува работната способност. ЕПО дава ја зголемува издржливоста на организмот и поради тоа е многу популарен меѓу велосипедистите, како и меѓу другите аеробни спортисти. Според последните студии користењето на ЕПО го зголемува нивото на хемоглобинот за 7 отсто, а аеробниот капацитет за 5 отсто.

Ricardo RicoЕден од најстарите начини на зголемување на капацитетот на пренесувањето на кислородот и престој на висини каде воздухот е поредок и има помалку кислород. Поради тоа телото се прилагодува на новонастанатите услови и создава повеќе крвни зрнца кои се одговорни за пренесувањето на кислородот во ткивата. Но, со враќањето во пониските предели работите се враќаат во нормала. Поради тоа некои спортисти за време на висинските подготовки вадат одредена количина крв и ја замрзнуваат, а потоа пред натпреварите ја враќаат во својот крвоток. На тој начин се зголемува бројот на еритроцитите во однос на вкупниот волумен на крвта (хематокрит). ЕПО се разликува од трансфузијата на крвта, затоа што со трансфузијата се добиваат стари крвни зрнца кои се збогатени со кислород на висинските подготовки.

Ваквиот начин за зголемување на хематокритот можат да имаат многу опасни последици за спортистите поради што Меѓународниот олимписки одбор ја забрани употребата на овој препарат. Зголемувањето на концентрацијата на црвените крвни зрнца во крвта доведува до нејзино згрутчување. Од 1997 година до 2000 починаа 18 велосипедисти од мозочен удар, инфаркт и белодробна емболија, и сите овие случаи се врзуваат за употребата на ЕПО.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top