Дел Потро ќе го прескокне Дејвис купот

Аргентина ќе биде сериозно ослабена во настапите во Дејвис-купот годинава откако Хуан Мартин дел Потро обелодени дека нема да настапува за „гаучосите“ во ова натпреварување.

 |  Голабовски Крсте  | 
Huan Martin Del Potro
Хуан Мартин Дел Потро

Аргентина ќе биде сериозно ослабена во настапите во Дејвис-купот годинава откако Хуан Мартин дел Потро обелодени дека нема да настапува за „гаучосите“ во ова натпреварување.

Huan Martin Del PotroНајдобриот аргентински тенисер веќе извесно време беше во војна со челниците на Тениската Асоцијација на Аргентина, па сега конечно реши да пресече и да ја прекине репрезентативната кариера.

„Неопходно е да дојдат до промени, како би се поправиле грешките што се повторуваа толку често во претходните години. Јас никогаш не сум барал повластен статус ниту пак сум инсистирал на промени, но во последно време се појавија премногу гласини на кои едноставно не можам да молчам. Сите многу добро знаат што имам направено за Аргентина во Дејвис-купот, но нема да настапувам за мојата репрезентација во 2014 година“ – изјави Дел Потро.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top