Дејвид Бекам го сака европскиот фудбал

Дејвид Бекам најверојатно ќе остане во тимот на Милан до крајот на сезонава, пишува спортскиот весник „Газета дело спорт“.

 |  Крсте Голабовски  | 
David Bechcam
Дејвид Бекам

Дејвид Бекам најверојатно ќе остане во тимот на Милан до крајот на сезонава, пишува спортскиот весник „Газета дело спорт“.

Откако англискиот репрезентативец дојде во Милан минатиот месец тој треба да остане на „Сан Сиро“ до 8 март. Сепак со прикажаните игри Бекам ги плени челниците на Милан, кои посакаа да го задржат Англичанецот до крајот на сезонава. Бекам има договор со американскиот тим на Лос Анџелес Галакси, кој од 9 март ги започнува подготовките за новата сезона во МЛС-лигата.

логоАко Дејвид Бекам е позитивно освежување во Милан, навивачите на „росонерите“ го прогласија Андреј Шевченко за најголемо разочарување за оваа сезона. Шевченко доби 46 отсто од гласовите и убедливо победи во изборот на разочарување на сезоната. Зад Шевченко се најде Матие Фламини кој дојде од Арсенал. Фламини доби 20 отсто од гласовите. Меѓу разочарувањата за оваа сезона се и Филип Сендерос со 17 отсто од гласовите и Марко Бориело со 11 проценти.Шевченко кој во периодот од 1999 до 2006 година постигна над 120 гола за Милан пред почетокот на оваа сезона се врати во старото јато.

 

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top