• Почетна
  • Archive
  • Спорт
  • Сеп Блатер повторно на удар на истрага, заташкал 100 милиони евра мито

Сеп Блатер повторно на удар на истрага, заташкал 100 милиони евра мито

ФИФА е на удар поради корупција од неверојатни размери

 |  инфодеск  | 

По апсењето на челниците на CONEMBOL и CONCACAF, најмоќните луѓе на фудбалот од двата американски континенти, на удар на американските истражители повторно е и 79 годишниот Сеп Блатер. BBC ексклузивно објави дека FBI ја истражува улогата на Блатер во корупциската афера тешка 100 милиони евра. Американските власти се сомневаат дека тој ја толерирал и заташкал корумпираноста на поранешниот претседател на ФИФА Жоао Авеланж и членот на извршниот одбор Бразилецот Рикардо Тешеира кои од компанијата ISL примиле околу 100 милиони евра мито, а за возврат им осигурале вносни маркетиншки телевизиски права на фудбалски натпревари од 1992 до 2000 година. Двајцата поради афери ги приведоа своите кариери до крајот, иако Тешеира пред пензијата одработи уште две гласања за доделување на домаќинства на Светски првенства во Русија 2018 и Катар 2022 година.

Блатер стана претседател на ФИФА во 1998 година и поради овој случај веќе одговараше пред етичката комисија на ФИФА. Тој рече дека не е запознат со коруптивни дејности на своите претходници, кои во прогонот се извлекоа само со парични казни од 3 милиони швајцарски франци, со оглед на тоа дека во Швајцарија до 1995 година митото не било казниво. FBI се сомнева дека Блатер лажел. Новинарот на BBC тврди дека видел писмо во посед на FBI во кое Авеланж пишува за примање на мито од ISL и наведува дека Блатер бил во потполност запознат со тие активности.

Писмото е дел од списите кои Американците ги позајмиле од швајцарската истрага и потврдиле дека испитуват искази на Авеланж кои имплицираат вмешаност на Блатер.

Блатер во моментот е под 90 дневна суспензија на етичкиот одбор на ФИФА, а во тек е истрага за исплата на 1,8 милиони евра на Мишел Платини врз основа на усен договор. Двајцата се суспендирани и чекаат сослушување кон средината на декември. Блатер најави заминување од местото претседател во февруари 2016 година.

Повикувајќи се на извори блиски до истрагата, BBC пишува и за вртоглавата сума на мито за кандидатурата на Катар за домаќин на СП и станува збор за дури 162 милиони евра.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top