Бекам е емотивен пред претстојниот дуел од ЛШ

Дејвид Бекам  нема да се радувал на “Олд Трафорд” во случај на победа на Милан во претстојниот дуел со Манчестер Јунајтед.

 |   | 
Beckham
Бекам

Manshester JunitedДејвид Бекам им порачал на навивачите на Манчестер Јунајтед дека нема да се радува на “Олд Трафорд” во случај на победа на Милан во претстојниот дуел од Лигата на Шампионите.

“Некогаш не можеш против емоциите кога ќе постигнеш гол, но мислам дека нема да се радувам. Ги почитувам и навивачите и клубот.” – изјавил Бекам.

Англискиот репрезентативец по неколку години пауза на 10 март се враќа на Театарот на соништата и од ждрепката за ЛШ ја користи секоја можност да истакне колку ги сака “ѓаволите”.

“Јунајтед е клуб за кој секогаш сакав да играм, го обожувам секој момент минат таму. По заминувањето, на почетокот, ми беше тешко и многу работи ми недостасуваа.” – додал Бекам.

Бекс истакнал и дека навивачите на Јунајтед секогаш ќе имаат посебно место во неговото срце.

“Односот со нив ми е многу важен. Минав низ тешки моменти, но тие никогаш не престанаа да ми даваат поддршка. Не би успеал да не беа тие. Тие се најдобри на светот.” – завршил Бекам.

Оваа вест е преземена од: http://www.sitel.com.mk

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top