Батон триумфира во Монте Карло

Џенсон Батон незапирливо ита кон шампионската титула во Формула 1. Трета еден-два победа во втората трка на европско тло.

 |  Крсте Голабовски  | 
Monako
Монако

Џенсон Батон од Браун ГП ја продолжи својата Формула 1 сезона од соништата, забележувајќи го петтиот годинашен триумф, на трката низ улиците на Монте Карло.

MonakoВо кралството како и многу пати досега, поредокот на врвот беше одлучен уште по првиот свиок. Британецот успеа да ја задржи позицијата заработена во квалификациите, неговиот клупски колега, Баричело, го мина Финецот Раиконен.
Без поголеми проблеми, белите болиди трет пат годинава успеаја први да ја минат целта, шампионот од 2007, Кими Раиконен, го избори првиот подиум за Ферари оваа сезона. Актуелниот првак, Луис Хамилтон заврши 12.
Батон сега има дури 51 од можни 55 бода, зад него е Баричело со 35, трет е Фетел од Ред Бул кој собра 23.
Следната трка се вози по две седмици во Истанбул, ако нема битни промени кај конкурентите, Браун ГП ќе понуди доминација каква што имаше само Ферари на почетокот на милениумот.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top