Батон растура

Двајцата британски возачи во Формула 1 продолжија со заземањето спротивни краишта од спектрумот минатиот викенд кога Џенсон Батон додаде уште еден плус во својот старт од соништата додека Луис Хамилтон остана да се бори со кошмарот што изгледа како да нема крај за него сезонава.

 |  Крсте Голабовски  | 
Jenson Button
Џенсон Батон

Двајцата британски возачи во Формула 1 продолжија со заземањето спротивни краишта од спектрумот минатиот викенд кога Џенсон Батон додаде уште еден плус во својот старт од соништата додека Луис Хамилтон остана да се бори со кошмарот што изгледа како да нема крај за него сезонава.

Jenson ButtonБраун ГП беше доминантен и во неделната трка во Барселона, па ако беше прифатен планот на Берни Еклстоун за доделување медали по урнек на олимпијадите Батон ќе беше на добар пат да ја обезбеди титулата пред паузата во август. Во петтата трка сезонава, Големата награда на Шпанија, 28-годишникот ја забележа својата четврта. Дури и според сегашниот систем на бодување, големи се шансите шампионатот да биде решен доста пред ноемвриското финале во Абу Даби.

Батон повторно освои повеќе поени во еден викенд од бранителот на титулата Хамилтон од Мекларен, кој заврши деветти. И покрај тоа што доби само половина од поените за својата победа во прекинатата трка поради дожд во Малезија, Британецот води кај возачите со 41 поен, 14 повеќе од тимскиот колега Рубенс Барикело, а Хамилтон е седми со само девет бода. Батон сам има освоено само 1,5 поен помалку од Ферари, Мекларен, Рено, БМВ Заубер, Вилијамс, Торо росо и Форс Индија заедно! Браун ГП, пак, има повеќе поени (68) од второпласираниот Ред бул (38,5) и Тојота (26,5) заедно.

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top