Барса бара играч за врска

Кеита и Туре, двајцата играчи за врска нема да бидат во составот на Барселона од 10-ти до 31-ви јануари поради настапите во Африканскиот куп на нациите.

 |  Голабовски Крсте  | 
logo
лого

Кеита и Туре, двајцата играчи за врска нема да бидат во составот на Барселона од 10-ти до 31-ви јануари поради настапите во Африканскиот куп на нациите.

FC BarcaПоради можното долго отсуство или евентуалните повреди на двајцата задни играчи за врска, Сејду Кеита (29)од Мали и Јаја Туре (26) од Брегот на Слоновата Коска, тренерот на Барселона Пеп Гвардиола бара засилувања за средниот ред.

Тренерот новите играчи ги сака во јануарскиот преоден рок, во текот на месецот кој ќе го одработи без својте африкански играчи за врска кои ќе бидат зафатени на Африканскиот куп на нациите во Ангола (од 10-ти до 31-ви јануари). Како кандидати за нивна замена мадридскиот весник Марка спомнува двајца 23-годишници: холандскиот репрзентативец од ПСВ Ајндховен Ибрахим Афелај односно португалскиот играч за врска од редовите на Спортинг Лисабон Мигел Велосо. Истиот извор наведува дека развојот на трансферот може да се очекува веќе наредната недела.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top