40 години заедничко стрелање кон успехот

Стрелците од Србија и стрелците од Охрид во заеднички обид да го обезбедат опстанокот на овој спорт во нашиот град. Двата стрелачки клуба во Охрид иако се соочуваат со големи финансиски потешкотии, сепак бележат огромни успеси.

 |  Мишел Наумовски  | 
strelci
стрелци

Стрелците од Србија и стрелците од Охрид во заеднички обид да го обезбедат опстанокот на овој спорт во нашиот град. Двата стрелачки клуба во Охрид иако се соочуваат со големи финансиски потешкотии, сепак бележат огромни успеси.

strelciГрадот Охрид е благословен со неверојатни климатски услови и одлична надморска височина. Овие карактеристики го прават градов идила за развој на стрелаштвото. Сепак двата стрелачки клуба од градов секој ден се трудат да си го обезбедат опстанокот. Од нашиот град има дури 5мина стрелци кои што се натпреваруваат во меѓународна програма што претставува одличен успех имајќи ги предвид сите проблеми со кои се соочуваат двата клуба.

„Заинтересираноста е многу голема, меѓутоа стрелаштвото е многу скап спорт, знаете дека само една пушка чини околу 2500 евра, меѓутоа не е само пушката. Треба да се користат редовно дијаболи, мети, за да функционира стрелиштето треба да има струја. Во моментов многу тешко се снаоѓаме, пак ќе речам сето тоа поради доблеста на некои ентузијасти во Охрид што сеуште сакаат овој спорт да опстане.“-рече Валентина Гоџоска-тренер по стрелаштво

Одличните климатски предиспозиции за тренирање стрелаштво се причина и за долгогодишната соработка што постои помеѓу стрелците од Србија и Охрид. Доказ за таа соработка е и пристигнувањето на Александра Ристовиќ, олимписка кандидатка од Србија која деновиве тренира во Охрид.

„Стрелците од Србија и стрелците од Охрид соработуваат повеќе од 40 години. Од големата Југославија па се до денес. Условите се менуваа, но ние сите овие 40 години останавме пријатели па еве сега се обидуваме да и помогнеме на стрелачката организација од Охрид. Донесовме наш стрелец, олимписки кандидат, таа е член на стрелачкиот клуб „Звездара“, па во текот на идните години ќе се обидеме во повеќе наврати овде да донесеме стрелци на подготовки.“-вели Слободан Гавриќ, поранешен првак и рекордер на Југославија во стрелање

Гавриќ додаде дека со заеднички сили тие ќе се потрудат и други земји од Источна Европа како и учесници на Европското првенство да доведат во Охрид. Тој изрази надеж дека со ваквите напори стрелаштвото во Охрид ќе заживее и нашиот град ќе стане центар на овој спорт во Македонија. Стрелачките клубови од Охрид своја подршка добиваат и од локалната.

„Во моментов покрај оние ентузијасти кои што ги спомнав во спортот стрелаштво, имаме одобрено средства околу 150.000 денари од општина Охрид, со доставување на програма на активности. Тие средства ни се одобрени и голема благодарност посебно до градоначалникот и оние кои што сакаат да соработуваат, обезбедуваат превоз, дел од средствата за набавка на опрема и муниција.“-додаде Гоџоска

Дури ни недостатокот на средства не може да го спречи талентот. Па така нашите стрелци бележат одлични успеси и во екипна и во поединечна конкуренција. Нивните успеси многу лесно можат да ги донесат и до првите репрезентативни настапи.

 {loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top