oci

Зошто ни „игра“ окото?

ociНапомена: доколку сметате дека вашиот проблем со треперењето на окото е поголем од стандардното треперење кое трае неколку дена, немојте да го трошите времето барајќи на интернет, туку посетете доктор.

Треперењето на окото, медицински познато и како Блефароспазам или Миокимија е присилно треперење на очниот капак. Исто така се споменува и како грч на очниот мускул. Поимот Блефароспазам всушност важи и за било кое друго неправилно треперење или присилно трзање на очниот капак и неконтролирани контракции на мускулите на очниот капак.

Некои луѓе доживуваат треперење во долниот дел од окото, а другиот на горниот капак. Треперењето е честа појава, и може да се случи и на двете очи.

Точните причини се непознати но се верува дека е поврзано со абнормалното функционирање на одредени нервни подрачја кои се наоѓаат во базата на мозокот, кои ја контролираат координацијата на мускулите и движењата..

окоДодека за посериозните случаи треба да се јавите на доктор, за поблагите случаи на треперење кои воглавно е предизвикано од стрес, се препорачува одмор, намалено внесување на кофеин, медитациј или било што што би можело да ве релаксира.

Сега доаѓа интересниот дел. Суеверијата поврзани со треперењето на окото се познати во многу култури, а голем број луѓе и денес веруваат во нив. Додека (повеќето) луѓе на Балканот веруваат дека треперењето на левото око значи лоша среќа, повеќе од милијарда луѓе во Кина веруваат дека тоа е знак на добра среќа.

{loadposition content9}

блефароспазам, веруваат, дека, дел, доктор, капак, кои, мускулите, намалено, наоѓаат, окото, очниот, подрачја, предизвикано, присилно, случаи, среќа, стрес, треперење, треперењето

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *



© All rights reserved. Powered by Портал ТВМ.
Back to Top