За малку Дејвид Гета ќе го направеа петулица

Белградскиот настап на познатата диџеј ѕвезда Дејвид Гета кој завчера вечер требаше да одржи диџеј-сет на Калемегдан, е откажан поради тоа што непосредно пред концертот се сруши покривот над бината, пренесуваат српските медиуми.

 |  Маја Савиќ  | 
David Guetta
Дејвид Гета

Белградскиот настап на познатата диџеј ѕвезда Дејвид Гета кој завчера вечер требаше да одржи диџеј-сет на Калемегдан, е откажан поради тоа што непосредно пред концертот се сруши покривот над бината, пренесуваат српските медиуми.
srushena bina

Покривот на бината се срушил во 18 часот додека на сцената предгрупата на концертот “Мистејк мистејк” имале тонска проба. Пејачката на групата Александра Крстиќ се здобила со повреди на главата, нејзината колешка Милана од групата ја повредила раката додека останатите членови на бендот останале неповредени.
-Во моментот  кога бев на капијата за да влезам на концертот, покривот се сруши и несакаа да ме пуштат внатре. Се се случи за брзо време, се слушна силен тресок. Паднаа рефлекторите и бината се сруши – вели за “24 сата” еден од фановите на Дејвид Гета.
David Guetta

Сите приоди до местото нa концертот биле блокирани и на никој не му бил дозволен пристап, а обожавателите на Гета биле вратени од влезот.
Организаторите велат дека концертот ќе биде поместен за друг датум кој ќе биде објавен деновиве, а купените влезници ќе важат за новиот датум.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top