• Почетна
  • Archive
  • Сцена & Муабети
  • За годинава планирани се пет премиери, а Охридскиот театар станува се поактуелна тетарска куќа за режисерите

За годинава планирани се пет премиери, а Охридскиот театар станува се поактуелна тетарска куќа за режисерите

Оваа година двете тетарски претстави „Метод“ и „Каде е пиштолот“ кои за прв пат се поставени на репертоарот на охридскиот народен театар, ќе ги види и публиката од другите градови на државава. За годинава планирани се пет премиери, а Охридскиот театар станува се поактуелна тетарска куќа и за режисерите кои сакаат да доаѓаат и да режираат тука.

 |   | 

Во годината која е зад нас, Охридскиот народен театар реализира две претстави кои за прв пат се поставени во Македонија, по текстови кои за прв пат се преведени во земјава. Ова претставува убава можност, театарската публика од останатите градови да се запознае со она што го работат нашите театарски работници. Оваа година, на програмата се голем број гостувања низ театрите и центрите за култура, особено со претставите „Метод“ и „Каде е пиштолот“, вели првиот човек на театарот Стрезо Стаматоски.

„Да во преговори сме, имаме една активна соработка со Битолскиот театар, каде што ќе имаме чести размени на претстави. Исто така со „Театар Комедија“ кој е жанровски театар, оваа претстава можеме да ја вброиме во тие сатирични комични претстави,ќе ги посети и другите театри. Покрај со театри имаме соработка и со центри за култура, во источна Македонија кои се повеќе од желни за да гледаат претстави“, објаснува Стрезо Стаматоски – в.д. директор Центар за култура „Григор Прличев“.

Нема да оставиме претставите да бидат за тука и само за охридската публика, туку сакаме квалитетот да го покажеме и настрана од нашиот театар. Програмата за работа, ќе биде објавена кон крајот на овој месец, додава Стаматоски. Инаку Охридскиот театар станува се поактуелна тетарска куќа и за режисерите кои сакаат да доаѓаат и да режираат. Не е тајна дека за 2019-та од 12 предлог апликации за претстави избрани се само 5.

„Но тимот и екипата која што работи и опслужува театарот, мислам дека 12 претстави се премногу. Направивме една селекција која беше одобрена од управниот одбор на центарот за култура, и селекцијата се донесе на 5 претстави со кои ќе се аплицира, не би сакале да откриваме кој што, сите се подеднакво важни, но можам да спомнам дека аплицирано е со режисери кои се од странство, познати режисери тука од Македонија и млади режисери од Македонија, кои работат во странство, а досега немале можност да постават престава во Македонија“ додава Стрезо Стаматоски – в.д. директор Центар за култура „Григор Прличев“.

Кога станува збор за гостувања на актери од други театри, Стаматоски вели дека, ваквите претстави се продукциски тешко одржливи и чинат. Искуството вели дека од одредени причини ваквите претстави потоа тешко опстојуваат на репертоарот.Но како театарска куќа остануваме отворени за гостувања и нови вработувања, вели Стаматоски бидејќи ансамблот мора да расте.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top