дзган

Во четврток, охридска премиера на новиот македонски игран филм „Џган”

logoНовиот македонски игран филм „Џган” ќе почне да се прикажува низ центрите за култура во повеќето градови низ републикава. Филмот ќе има можност да го погледне и охридската публика.

Новиот македонски игран филм „Џган” ќе почне да се прикажува низ центрите за култура во повеќето градови низ републикава.
Филмот ќе има можност да го погледне и охридската публика.

„Џган” е дебитантскиот игран филм на режисерот Вардан Тозија. Својата премиера филмот ќе ја има на 30-ти март во Градското Кино Милениум во Скопје, а веќе следниот ден своја филмска премиера ќе доживее и во Охрид.

logoМакедонски продуцент на филмот е Дрим Фектори, ко-продуцент на филмот е Red helicopter films од Албанија. Филмот е финансиски поддржан и од Агенцијата за филм на Република Македонија, и SEE Cinema network.

Главните улоги ги толкуваат Мартин Ѓоргоски, Дениз Абдула и Никола Ристановски. Во филмот од останатата актерска екипа играат и Сара Климоска, Љупчо Тодоровски, Адем Карага, Горан Стојановски, Игор Стојчевски, Борис Дамовски, Марија Кондовска, Саша Чиникиќ, Ристо Буразденов и Мартин Живковски.

Поведен од слоганот на филмот дека „Никој не е роден насилен”, Вардан Тозија го изработи и сценариото, дизајнот на шминката и маските ги изработи Горан Игњатовски, костимограф е Жаклина Крстевска, дизајнер на Звук е Игор Поповски, музиката ја работеше Александар Пејовски, сценографијата е дело на Кирил Спасески и Наташа Димитриевска, директор на фотографија е Владимир Самоиловски, монтажер е Атанас Ѓеоргиев, кастингот го работеше Кирјана Николовска, а продуцент на филмот е Огнен Антов.

„џган“, игран, македонски, новиот, охридска, премиера, филм, Четврток

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *



© All rights reserved. Powered by Портал ТВМ.
Back to Top