И со вишок килограми на модна писта

Бразил е познат по супермоделите како Адријана Лима и Жизел Бундхен. Но, изминатиот викенд тамошните писти ги завзедоа заоблени манекенки.

manekenka
манекенка

Четириесетина девојки со раскошни облини, седми пат по ред, ги носеа моделите на “Fashion Weekend Plus Size”. Колекциите на десетина бразилски модни брендови за големи броеви, вклучуваа гламурозни вечерни фустани, венчаници, костими за капење и долна облека.Модната недела за подебели луѓе ја основаше модната блогерка Поскуз Ваз (29), која и самата учествуваше на ревијата на XXXL модели.

manekenki“Иако кај нас скоро половина од луѓето се дебели, понекогаш ми се случува со часови да шетам низ бутиците, а да не успеам да пронајдам баш ништо како за себе”, објаснува Поскуз.

Модната агентка Тихана Харапин Залепугин, која им помага на манекенките во подемот на нивната кариера, исто така ги поддржува пополничките модели и модните недели за дебели, но сепак, вели дека не би се занимавала со нешто такво.

“Кој сака, нека повели. Но, сепак подраги ми се класичните манекенки”, заклучува таа.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top