Том Форд има пет совети за мажите

Еден од најголемите модни гуруа на денешницата, во интервју за Another Man ги открива петте лесни лекции што треба да ги знае секој џентлмен.

 |  Маја Савиќ  | 
tom ford
Том Форд

Еден од најголемите модни гуруа на денешницата, во интервју за Another Man ги открива петте лесни лекции што треба да ги знае секој џентлмен.
Tom Ford
– Секогаш треба да се претставиш во најдобра верзија кога се појавуваш во светот, бидејќи со тоа покажуваш почит кон другите луѓе околу тебе.

– Денешниот џентлмен мора да работи. Луѓето кои не работат се досадни и обично се досадуваат. Мора да бидеш пасиониран, да бидеш вклучен и да придонесуваш во светот.

– Манирите се многу важни, исто како и тоа да знаше кои работи кога се соодветни. Секогаш им отворам врата за жените, им го носам палтото и се трудам да одат на внатрешната страна од тротоарот. Станувај кога луѓето пристигнуваат или стануваат од маса.

– Немој да бидеш претенциозен или расист или шовинист или да ги судиш луѓето спроед нивното минато.

– Маж никогаш не треба да носи шорцеви во град. Апостолки и шорцеви никогаш не се соодветни во град. Шорцевите треба да се носат само на тениско игралиште или на плажа.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top