„Ти во седум бои“ најнова претстава на Независната Аматерска Театарска група „Аматер“

Наскоро охриѓани ќе може да уживаат во најновата претстава на Независната Аматерска Театарска група „Аматер“.Станува збор за претставата „Ти во седум бои“. Насловот на претставата е инспириран од истоимениот наслов на расказот „Ти во седум бои“ на Горан Василевски, од книгата раскази „Монахот што се плашеше од смртта“.

 |   | 

Kреативноста и потребата за уметничко изразување се водечки критериуми за развојот на едно општество. Речиси секоја година, Независната Аматерска Театарска група „Аматер“ од Охрид, се грижи љубителите на уменоста и културата да уживаат во нивната уметничка игра. Овој поат на ред е претставата „Ти во седум бои“, инспирирана од истоимениот наслов на расказот „Ти во седум бои“ на Горан Василевски, од книгата раскази „Монахот што се плашеше од смртта“.

„Се одлучивме за еден малку поинаков спој од досегашното наше работење, да не е конкретно како што сме навикнале претстава, со точно пет чина истата, приказна. Направивме еден интересен спој и на екипата и во сценариото. Мешавина од повеќе уметности, жанровски не можам поинаку да го дефинирам“, рече Јован Цветкоски – режисер и актер НАТГ „Аматер“.

Претставата „ТИ ВО СЕДУМ БОИ“ се состои од мешавина на повеќе уметности како актерска игра, музика, танц, поезија, која е адаптација на јавно објавени и авторски дела. Цветковски ветува дека овој пат, охридската публика ќе има можност да види нешто малку поразлично од она на што досега навикнале.

„Станува збор за љубовна приказна во која е прикажан еден млад пар на сцената во претставата кои поминуваат низ повеќе работи во животот прикажани во таа приказна, низ повеќе етапи во животот, каде има и среќа и радост и тага и разочарување, но потоа се враќа пак надежта се враќа и се тоа измешано со глума, рецитација и танц и нешто апстрактно прикажано на повеќе начини. И измешани емоции, но тоа сакавме да ја водиме публиката низ еден ролекостер во целата претстава“ објасни Јован Цветкоски – режисер и актер НАТГ „Аматер“.

Претставата е во режија на Јован Цветкоски, а е создадена во соработка со охридските уметници: Емилија Колоска, Ансамбл Билјана, Никола Јосифоски, Евамарија Баткоска, Михаил Талев и Климентина Гилевска. Музиката е на Никола Јосифоски, Христијан Томевски, Јован Поп-Стефанија, Ангел Трајковски, сценографијата на Катерина Слатинова. Премиерната изведба на претставата ќе се случи на 13ти април од 20:00 часот во малата сцена на НУ Дом на култура „Григор Прличев“ во Охрид. Репризата е закажана за наредниот ден, 14ти април од 20:00 часот на истата сцена во НУ Дом на култура „Григор Прличев“, Охрид. Билетите ќе бидат пуштени во продажба утре по цена од 150 денари.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top