Строго чуваните тајни за губење на тежина

Ги земавте ли предвид овие нешта кога последен пат бевте на диета?

teg i jabolko
тег и јаболко

Ги земавте ли предвид овие нешта кога последен пат бевте на диета?

1. Мора да јадете маснотии за да ги победите маснотиите

Преголемо конзумирање на погрешните маснотии е лошо за здравјето, но диетата која вклучува добри масностии е добра за здравјето и за линијата. Добрите маснотии се наоѓаат во маслиновото масло, јатките и авокадото. Овие се докажани убијци на мастите од стомакот.

2. Дневна доза на чоколадо е добра за стомакот

Сигурно едвај чекате изговор за да јадете повеќе чоколадо. За да се ослободите од мастите, еве еден трик: Јадете многу какао, но малку шеќер. Какаото содржи повеќе антиоксиданси отколку останатата храна и е добро за многу нешта, меѓукои и губење на тежината.

3. Кажете „да“ за млечните производи

Митовите велат дека млечните производи се лоши за тежината, но науката докажува дека тоа не е точно. Истражувањата докажале дека оние кои имаат недостиг на калциум имаат повеќе маснотии и помалку го контролираат апетитот. Освен тоа, едно истражување покажало дека дневното конзумирање на калциум со малку масти е поефективно во губењето на тежината отколку останатата исхрана.

4. Вежбањето не е доволно

Не мислете дека може да јадете било што се’ додека вежбате редовно. Вежбањето, без диетата, води до споро зголемување на телесната тежина!

ovoshje5. Заборавете го долгото вежбање

Најдобар начин за горење на мастите е вежбањето во интервали. Истражувањтаа покажуваат дека долгото вежбање не е толку ефективно како и стратегиското вежбање во повеќе интервали.

6. Телевизијата е во ред, но нека биде нешто смешно

Телевизијата не е ѓаволот кој ја предизвикува дебелината како што многумина зборуваат. Точно е дека не треба да седите пред телевизорот цел ден, но доколку седите на каучот во слободното време и гледате нешто што Ве забавува, тоа може да има позитивен ефект врз тежината. За еден час смеење личноста троши до 120 калории.

7. Секој шеќер не е штетен

Медот ја намалува тежината кај животните во истражувањата и е многу здрав. Тој може да ја подобри контролата на крвиот притисок и го зајакнува имунитетот.

8. Недостигот на сон може да влијае лошо врз тежината

Должината на спиењето директно влијае на телесната тежина. Едно истражување покажало дека луѓето на диета кои спиеле 8 и пол часа изгубиле 56% повеќе тежина отколку оние кои биле на истата диета и спиеле 5 и пол часа.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top