Сплавот започнал да тоне: Итно прекинат настапот на Беквалац

Сплавот каде што настапувала Наташа Беквалац започнал да тоне при што морала да интервенира полицијата која евакуирала луѓе.-пренесуваат српските медиуми.

 |   | 

Балканската ѕвезда Наташа Беквалац настапи на белградскиот сплав, првпат по година и пол од последниот настап, пред пандемијата со ковид-19.
Како резултат на огромниот број на посетители, сплавот започнал да тоне во еден момент, па настапот морало да биде прекинат. Според српските медиуми, морала дури да интервенира и полицијата која евакуирала луѓе.
Извор на самото место наведува дека организаторите започнале со евакуација на луѓето и дека сплавот во еден момент бил сосема празен, пренесува спрпски Блиц.

На почетокот на вечерта, Беквалац им се обрати на присутните видно расположена што повторно е на сцената со обожавателите:

– Пресреќна сум што сум тука, заедно со вас вечерва. Ви благодарам многу што дојдовте. Јас навистина едвај чекав да настапам… извинете за тоа што ќе го сторам вечерва, сега сум како „пуштена од ланец“!

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top