„Славните си одат во тројка“

По смртта на Џејн Расел и Лиз Тејлор, За За Габор смета дека е следна.

 |  Маја Савиќ  | 
za za
за за

Za Za GaborСлавната актерка За За Габор повторно е во болница, наводно поради преголем стрес откако ја дознала веста за смртта на нејзината пријателка Елизабет Тејлор.

Порпаролот на 94-годишната актерка потврди дека За За се наоѓа во болница во Лос Анџелес:
„Беше неутешна и нејзиниот крвен притисок беше опасно висок. Докторите го советуваа нејзиниот сопруг да ја доведе во болница за да можат да ја надгледуваат и да и дадат лекови за смирување и против висок притисок“.
Jane i Elizabeth
Американските медиуми пишуваат и за тоа дека славната актерка „го предава мечот“, односно дека наводно на својот сопруг му рекла дека „славните одат во тројка“, мислејќи на починатите Тејлор, Џејн Расел и на себе си.

Последните 12 месеци За За Габор често е во болница и медиумите неколку пати пишуваа дека „виси на конец“.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top