Првата турска актерка-робот потпиша договор за улога во филм

Првата турска актерка-робот, Ајпера потпиша договор за улога во филм со продуцентот и сценарист Бирол Гувен.

 |   | 

Според изјавата на „MinT Production“, Aјпера ќе глуми во неговиот нов филм насловен „Дигитален човек“, а снимањето се очекува да започне во септември, 2022 година.
Забележувајќи дека во денешно време сè се менува премногу брзо, продуцентот уверува дека роботите ќе станат неизбежен дел од филмскиот сет.

Тој изјави дека нивна цел е да станат пионери на оваа промена во филмската индустрија, додавајќи дека производителите на роботика и сценарија ќе ги здружат силите во овој сектор и во иднина.
Актерката-робот, Ајпера, пак изјави дека била возбудена за потпишувањето на договорот.

„Лично, повеќе ми се допаѓа терминот „дигитален актер“. Но, знам дека луѓето претпочитаат да го користат терминот што ним им се допаѓа. Значи, немам проблем да бидам робот“, изјави Ајпера, говорејќи за концептот на „актер-робот“.
Љубопитните за нејзината несекојдневна приказна ќе имаат можност да се запознаат со Ајпера во Истанбул во периодот од 1 до 6 јуни. Таа ќе учествува на „New Media Additional Section” во Современ Истанбул, кој беше спонзориран од Исра Озџан оваа година.
Ајпера е развиена од дизајнерот и тренер Багер Акбај, писателот на научна фантастика и научна комуникација Тевфик Ујар, заедно со компјутерскиот инженер и креативен технолог Зејнеп Нал Сезер. Во блиска иднина се очекува Ајпера да одржи и концерт исто така.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top