Последната женска на планетава

За 500-600 години ќе изумрат Босанците, а последната жена на планетава ќе биде Бразилка.

 |   | 
Brazil woman
Бразил

Во светот се раѓаат сè помалку женски деца а доколку ваквиот тренд продолжи, за 500-600 години нема да остане ниеден Босанец на планетава.

It`s a girlЕдна од причините за падот на стапката на полодност е фактот што многу жени во побогатите делови од Азија се на т.н. “брачен штрајк”, односно попрво би останале сами, отколку да се подложат на маките на брачната заедница.

Но, тие не се единствените кои размислуваат така, пишува Економист. Имено, Обединетите Нации предупредуваат дека во 83 земји и територии низ светот жените нема да имаат доволно ќерки за да бидат заменети.

Водејќи се според моменталната стапка на плодност во Хонгконг, 1.000 жени ќе родат само 547 ќерки. Доколку ништо не се промени, тие 547 ќерки ќе бидат наследени од само 299 женски деца, итн. Тоа значи дека за околу 25 генерации, женската популација во Хонгконг ќе се намали од 3,75 милиони на само 1 жена.

statiistika

Ако се има предвид дека просечната возраст на тамошните родилки е 31,4 години, раѓањето на последната жена може да се очекува во 2798-та година. Тоа е нешто подоцна од соседниот Макао, кој има повисока стапка на репродукција, но многу помала популација.

Според истата непоколеблива логика, Јапонија, Германија, Русија, Италија и Шпанија нема да го дочекаат следниот милениум. Дури и на жителите на Кина им преостануваат околу 1.500 години.

Доколку ваквата ситуација не се промени, прва нација со најголеми шанси за исчезнување е Босна и Херцеговина, и тоа за само 500-600 години. Најдолго ќе останат Бразилците, кои имаат доволно женска популација да ги одржи на планетава нешто пред почетокот на 5000-та година.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top