Покрената истрага за смртта на Б.Б.Кинг

Ќерките на музичката легенда се сомневаат дека Кинг е отруен

 |  инфодеск  | 

89-годишниот Б.Б.Кинг почина на 14 мај во Лас Вегас, каде живееше помеѓу турнеите, а сега излегоа некои нови детали околу неговата смрт.

Две недели по смртта на легендарниот блуз гитарист, Б.Б.Кинг, ќе биде покрената истрага поради можно убиство, најавил официјален претставник од судската медицина во американската сојузна држава Невада.

“Наш претставник, надлежен за телото на Б.Б.Кинг прави обдукција. Резултатите најмалку за 6-8 недели. Истрага на полицијата во Лас Вегас”, напишалa на Twitter, канцеларијата на судска медицина во округот Кларк во Невада. Спрема наводите на локалните медиуми, ќерките на музичарот изразиле сомнежи дека татко им е отруен. Медиумите, исто така, додаваат дека погребот е одложен кој требаше да се изврши во Мемфис.

Б.Б.Кинг се смета за еден од најголемите гитаристи на сите времиња. Свиреше блуз од крајот на 40-тите години на 20 век, на гитарата наречена Лусил. Неговиот елегантен стил и начинот на пеење осетно влијаеше на американската музика, а тој директно влијаеше на најголемите музичари како Ерик Клептон и Џорџ Харисон.

Издаде повеќе од 50 албуми, со класиците како “Three O’Clock Blues”, “The Thrill is Gone”, “Rock me baby”…

Во последните месеци Б.Б.Кинг, кој беше дијабетичар, имал сериозни здравствени потешкотии. На концертот во октомври почувствувал слабост поради исцрпеност и дехидрација, што доведе до откажување на остатокот од турнејата.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top