Почина поп легендата

Музичкиот аристократ Принц почина на 57 годишна возраст.

prince

princeМузичкиот аристократ Принц почина на 57 годишна возраст. Последниве денови се бореше со компликации од грип, а бил најден мртов во неговата резиденција и студио надвор од неговиот роден Минеаполис.

Смртта е потврдена од публицистот на Принц и неговите блиски а полицијата не открива детали но го истражува случајот.
Принц Роџерс Нелсон имаше само 19 години кога го издаде својот прв албум For You. На тој албум има 27 инструменти. Од прв до последен, сите ги свири Принц. Славата ја стекнува со албумот “1999” od 82-рa, привлекувајќи го вниманието врз својот раскошен музички талент, инструментална виртуозност и ексцентричност која произлегуваше од комплетната слобода која сакаше да ја ужива. 

Тежок воркохолик, еднаш има кажано дека нема човек кој може подолго да остане буден од него. Остави 40-тина албуми кои се продадоа во преку 100 милиони примероци а во 1985 година доби и Оскар за легендарната Purple Rain.

princeВо 1993 година го смени името од Принц во симбол, фузирајќи ги машкиот и женскиот знак па во тоа време му се обраќаа со бјрмовската одредница “Артистот порано познат како Принц”.

Минатата недела неговиот авион изврши принудно слетување и Принц итно беше одведен во болница но утредента се појави на закажаниот концерт во Атланта, уверувајќи ги фановите дека е добар и дека има само мали проблеми со грип.Остави еден тон извонредна еклектична музика, полна со автентична авторска разиграност и подготвеност за експерименти, но особено магични беа неговите живи настапи на кои кралски доминираше на сцената.
Лени Кравиц напиша:

„Мојот музичка брат… мојот пријател… Оној што ми ги покажа можностите во себе, смени сè и го задржа својот интегритет до последниот миг, е мртов. Срцето ми е скршено.“

Го поврзуваа со многу жени меѓу кои и Ким Бесинџер, Мадона, Венити, Шила И, Кармен Електра, Сузана Хофс, Шерилин Фен, Аполонија…. Беше веган и Јеховин сведок, сакаше да игра пинг-понг.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top