Овации за Симон Трпчески во Софија

Светски познатиот пијанист, македонецот Симон Трпчески, заедно со Софиската Филхармонија одржаа концерт во Софија, а со нивната одлична изведба ја воодушевија публиката.

 |   | 

Софиската Филхармонија и светски познатиот македонски пијанист Симон Трпчески одржаа концерт во најпознатата сала за класична музика „Бугарија“, јави дописникот на МИА од Софија. Концертот вклучуваше тристепено дело на Лудвиг ван Бетомен за виолина, виолончело и пијано.

Заедно со Трпчески, свиреа и неговиот сонародник Александар Крапоски, виолинист од операта во Барселона и бугарскиот виолончелист Александар Сомов, кој работи во Филхармонијата во Стразбур, Франција. Концертот беше невиден успех, публиката во Софија долго време аплаудираше на Симон Трпчески и неговите колеги и музичари од Софиската Филхармонија. Тој беше повикуван неколку пати на бис од софиската публика.

Симон Трпчески за дописникот на МИА од Софија, изјави дека е многу задоволен од концертот со неговите колеги и дека има намера да дојде во Бугарија специјално за да го претстави музичкиот проект „Македонисимо“.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top