Одржан турнир во баскет за основните училишта во Охрид

Во рамките на училишните спортски лиги и во чест на интернационалниот ден на спортот за развој и мир сојузот за училишен спорт под  покровителство на локалната самоуправа Охрид организираше турнир во баскет во спортска сала „Билјанини Извори“ за основни училишта во кој заедено учествуваа повеќе од 80 ученици во машка и женска конкуренција.

 |   | 

Најдобри во машка конкуренција беа учениците од ОУ„Христо Узунов“,второ мест ОУ „Ванчо Николески“ –Лескоец ,додека учениците од ОУ„Григор Прличев “и ОУ„Св.Климент Охридски “ го делеа третото место.Во женска конкуренција најдобри беа учениците од ОУ„Христо Узунов“ ,второ место ОУ„Св.Климент Охридски “ и учениците од ОУ„Живко Чинго“- Велгошти  и ОУ„Ванчо Николески “-Лескоец  го делат третото место.

Училишните спорски лиги продолжуваат наредната недела со натпревари во футсал за основни и средни училишта.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.

© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top