Најмоќните коктели

Малку пијалоци се еротски како коктелите кои подеднакво се привлечни со својот вкус, но и изглед.

 |   | 
coctails
coctails

coctailsМалку пијалоци се еротски како коктелите кои подеднакво се привлечни со својот вкус, но и изглед. Различните бои и ефектни декорации се посебно атрактивни за жените, а умерената количина на алкохол може да ги предизвика и најсрамежливите девојки на флерт.

Главниот бармен од берлинскиот хотел “Savoy”, Имкер Озкилич, поминал долги години позади шанкот и точно знае како коктелите делуваат на поубавиот пол. Во неговата книга “33 Коктели” тој наведува рецепти за коктели кои најмногу ги “палат” жените.

coctails

Најмоќните четири коктели се следните:

“Ladykiller” (Убиец на жени)

3 cl џин
1 cl бренди од кајсијa
1 cl Коантро (ликер од портокал)
6 cl сок од ананас
6 cl сок од маракуја

Овој коктел се сервира во долгнавеста чаша, рабовите се поминуваат со портокал и се обложуваат со шекер, а на крајот се додава едно парче портокал и цреша.

“Sex on the Beach” (Секс на плажа)

4 cl водка
2 cl ликер од праска
7 cl сок од ананас
7 cl сок од брусница

Се сервира со мраз во долгнавеста чаша и се додава парче портокал.

“One Night Stand” (Aвантура за една вечер)

3 cl Drambuiе (алкохол добиен од зашекерено виски, мед и лековити билки)
2 cl сок од портокал
1 cl сок од лимон
шампањ

Во чашата се сипаат измешаните сокови и ликерот и на крај се додава малку шампањ.

“Pretty Woman” (Убава жена)

2 cl ликер од праска
1 cl крем
2 cl сок од калинка
1 cl ликер од кокос
10cl сок од ананас

Се меша со мраз и се сервира во долгнавеста чаша.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top