Макрон, нов претседател на Франција

Новоизбраниот француски претседател Емануел Макрон синоќа им се обрати на своите приврзаници пред музејот Лувр во Париз со звуците на химната на Европа.

 |   | 

Новоизбраниот француски претседател Емануел Макрон синоќа им се обрати на своите приврзаници пред музејот Лувр во Париз со звуците на химната на Европа.

Тој пред неколку илади луѓе вети дека ќе стори се французите да немаат причина да гласаат за екстремните опции. „Европа и целиот свет не гледаат. Тие од нас очекуваат насекаде да го браниме духот на светлината“, изјави Макрон кој беше придружуван од неговата сопруга Брижит.

Тој веднаш по објавувањето на резултатите доби честитки од претседателот во заминување Франсоа Оланд, од германската канцеларка Ангела Меркел, од шефовите на Европската унија Жан Клод Јункер и Доналд Туск, од британската премиерка Тереза Меј и од американскиот претседател Доналд Трамп.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top