„Магла“-Нова хит песна на Антониа Гиговска

Пејачката Антониа Гиговска ја објави својата нова песна насловена „Магла“. Таа се надева дека публиката одлично ќе ја прифати песната и очекува истата да стане летен хит. Песната ќе се најде и на нејзиниот албум „2001“.

 |   | 

„Магла“ е насловот на најновата песна на Антониа Гиговска, која јавноста имаше можност деновиве да ја преслуша, а истовремено да го погледне видео спотот за истата. Оваа песна како што и самата Гиговска вели е дел од студискиот материјал што треба да биде комплетиран до крајот на годинава.

Песната, во која Антониа верува и која влегува во уво на прво слушање е со потписот на Лазар Цветковски, чии се музиката и аранжманот, додека текстот е на Тајзи. Се работи за модерна тема која има потенцијал за кратко време да го носи предзнакот – летен хит. Видеото, пак, во кое Антониа се претставува во едно сосема поинакво светло е работено под режисерската палка на Даниел Јовески.

 

https://youtu.be/RSwTI0vJBbM

 

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top