Магдалена Алексовска новата песна ја објави од Њујорк

Младата и талентирана пејачка Магдалена Алексовска-Маги која живее во Њујорк, го објави официјалното видео за нејзината најнова песна со наслов „Друг да ме нема“. Текстописец е Весна Малинова, а аранжер и композитор Кирил Бабамов.

 |   | 

Младата и талентирана пејачка Магдалена Алексовска-Маги која живее во Њујорк го објави официјалното видео за нејзината најнова песна со наслов „Друг да ме нема“. Текстот за оваа песна го напиша Весна Малинова, а музиката и аранжманот се дело на Кирил Бабамов. 

Магдалена е позната на јавноста по нејзиниот настап на Детска Евровизија во 2015-та година каде што ја претстави Македонија во одлично светло. Има настапувано на голем број концерти и фестивали од кои може да ги издвоиме Гала Концерот на Американ Протаже во Карнеги Хол-Исак Стерн аудиториум.

Во моментов Маги студира на Wagner College во Њујорк, отсек-вокал перформанс и театар.

-Можностите за промоција во Македонија ми се минимални оттука и би ми било од голема помош ако ме поддржите.-изјави Магдалена.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top