Ќе се снима документарен филм за Bella Ciao

Се подготвува документарен филм за познатата италијанска песна Bella ciao, со наслов Bella ciao – A Story Beyond Myth, во режија на Џулија Џапонеси.

 |   | 

Станува збор за копродукција на две приватни продуцентски компании, Медијаван Груп и Паломар ДОЦ, кои се занимаваат со документарни филмови и новиот оддел на италијанската телевизија Раи, РАИ Документари, а филмот треба да се емитува на 15 декември 2021 година на РАИ-1.

Со над милијарда прегледи на социјалните мрежи, Bella ciao е најслушаната италијанска песна во светот во последните неколку години.

Стана симбол на борба и отпор низ целиот свет. Во последните 25 години ја пееја учесници во бројни немири, протести и штрајкови, од учесниците во Арапската пролет до демонстранти кои учествуваа во движењата #occupy USA# и #occupy Mumbai#, пренесува агенцијата Анса.
Ја пееја оние што протестираа против глобализацијата, беше химна на борците за климатски промени, на оние кои демонстрирана во Судан, отпеана на погребот на убиените карикатуристи од францускиот магазин Шарли Ебдо, како и демонстрантите во Турција, Чиле и Либан.

Но, во исто време, стана типичен феномен на глобализацијата: симболична песна во серијалот Money Heist на Нетфликс, џингл за продажба на некои производи во Мексико или музика за промовирање на Нетфликс во Саудиска Арабија.

„Убедени сме дека оваа песна е наследство за сите нас и дека преку овој документарец ќе ја откриеме нејзината глобална важност“, рече креативниот продуцент на Паломар ДОЦ, Андреа Ромео.
Филмската режисерка Џулија Џапонеси најавува нови и некои помалку познати детали поврзани со песната, за кои рече дека ги открила за време на долгогодишното истражување и подготовки за документарниот филм.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top