Храна за силен имунитет

Зимата наближува, па затоа е време да го засилиме имунолошкиот систем. Црвено месо, компири, печурки, чај и кисело млеко се 5-те топ храни за силен имунитет.

 |   | 
food
food

Зимата наближува, па затоа е време да го засилиме имунолошкиот систем. Црвено месо, компири, печурки, чај и кисело млеко се 5-те топ храни за силен имунитет.

Лошото функционирање на имунолошкиот систем води кон настинки, алергии, болки во различни делови на телото. Организмот е сложен систем од меѓусебно поврзани елементи, затоа има многу фактори кои влијаат на имунитетот – душевната состојба, начинот на живот, сонот и се разбира, храната. Специјалистите диетолози дефинираат 5 топ храни, кои го засилуваат имунитетот.

mevceЦрвеното месо – едно од најефикасните средства за зајакнување на имунитетот, но е неопходно да се знае мерката. На ден се доволни 100 грама црвено месо, кое треба да биде посно, со минимална содржина на масти. Црвеното месо е главен извор на цинк во организмот. Дефицитот на цинк го зголемува ризикот од различни инфекции. Цинкот исто така е одговорен за изработката на црвените крвни клетки во организмот, неопходни за борбата против бактериите и вирусите.

kompirceКомпири – содржат многу витамин А, кој е неопходен за здрава кожа, која е првата заштита на имунолошкиот систем во организмот. Многу штетни бактерии и вируси влегуваат во организмот токму преку кожата. Затоа здрава кожа ефикасно спречува продирање им. Редовната употреба на компири, моркови и друг зеленчук ја подобруваат заштитната функција на организмот.

Печурки – слично на месото тие помагаат во изработката на бели крвни зрнца во организмот. Последните истражувања докажуваат дека печурките не само што го зголемуваат количеството бели крвни зрнца, но и ја активираат нивната борба со бактериите и вирусите.

cajceЧај – едно од најдобрите средства за превенција на настинка, заболувања. Истражувањата покажуваат дека една чаша зелен или црн чај на ден ја зајакнува способноста на организмот да се противи на настинката. Чајот содржи полифеноли, кои ги чистат слободните радикали кои ја оштетуваат ДНК и го забрзуваат стареењето. Антиоксидантите во чајот се позастапени отколку во овошјето и зеленчукот.

Кисело млеко
– редовната потрошувачка на кисело млеко исто така ја зајакнува заштитната функција на организмот. Киселото млеко е особено корисно по земањето на антибиотици, кои ги уништуваат повеќето бактерии во организмот, вклучувајќи и корисни. Киселото млеко ги компензира овие загуби.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top