Есен со шармот на седумдесеттите

Оваа езен време е да се потсетиме како изгледаа седумдесеттите години на минатиот век за модерната дама која го сака класичниот крој и елеганцијата.

 |   | 
fall/winter 2011
fall/winter 2011

Шармот на седумдесеттите се враќа во нова модерна верзија за да ја освои оваа сезона, со свежи бои и елементи како шапки, кожени ракавици, фустани во боја, палта со елегантни линии и здолништа, што можете да ги комбинирате со поло-маички и карирани марами.
fall/winter 2011
Во седумдесеттите, препознатливи беа дамите од високата класа по нивниот едноставен, но елегантен изглед, за разлика од динамичната „андерграунд“ сцена што влијаеше на развивање на поинаков стил, односно глам-рок. Како комплетен контраст, едната сцена нудеше класична облека, додека другата премина во екстремност во силна и светкава шминка, тапирани фризури, високи потпетици, кратки светкави фустани и гласна музика.
fall/winter 2011
Двата стила што ги обележаа седумдесеттите и денес имаат свое влијание во светот на модата. Иако се менуваат во однос на нивната присутност помеѓу пошироките маси, сепак знаете како се вели: „Секој изминат тренд ќе се врати некогаш“. Така, и овој класичен изглед на домаќинките и дамите од седумдесеттите се враќа во полн сјај.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top