Чудотворниот чај од Галичица

Планинскиот чај од Галичица, го нарекуваат и Шарпланински чај (Sideritas scardica)  е ендемска билка од балканскиот регион за чии лековити својства многу малку се знае.

 |   | 
caj
caj

cajПланинскиот чај од Галичица, го нарекуваат и Шарпланински чај (Sideritas scardica)  е ендемска билка од балканскиот регион за чии лековити својства многу малку се знае. Овај чај го употребувале и Старите Грци за лекување рани од железно оружје а денес се употребува како лек против сите воспалителни процеси во организмот.

Др. Александта Кониќ Ристиќ од Центарот за истражување на исхраната и метаболизмот од Белград се занимава со проучување на оваа лековита билка за која вели дека е вистинска ризница на здравје и долговечност.

cajБилка на долговечноста
Планинскиот чај од Галичица (Sideritas scardica) обилува со биоактивни состојки меѓу кои најважни се diterpenoidi,flavonoidi и етерични масла. Чајот е најделотворен во борбата против настинките и грипот, при алергии, тешкотии во дишењето и јакнење на имунитетот. Исто така ја намалува напнатоста и го регулира варењето.
Во најновите истражувања на Центарот за исклучителни вредности, истражување на исхраната и метаболизмот и Институтот за лековити билки, научниците се на добар пат да докажат дека овај чај спречува лепење на тромбоцитите кај луѓе со покачени маснотии во крвта  што може да доведе до создавање тромбови, шлог или инфаркт- вели Др. Александта Кониќ Ристиќ  и додава дека треба да се почитува упатството за подготовка за целосно искористување на активните состојки на чајот :

Една лажичка издробен чај (или едно гранче) ставете во 2 дл вода, варете 20 мин и процедете го.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top