Арета Френклин наполни 70 години

Легендарната пејачка Арета Френклин го прослави 70 роденден, но воедно најави и повторна соработка со својот музички ментор Клајв Дејвис.

Aretha Frenklin
Арета Френклин

Легендарната пејачка Арета Френклин го прослави 70 роденден, но воедно најави и повторна соработка со својот музички ментор Клајв Дејвис.
 
Aretha FrenklinНа раскошната вчерашна роденденска забава, кралицата на соулот пречекала многу познати имиња како што се Дајан Соер, Ал Шарптон, пријателот и вереник Вили Вилкерсон, но и легендарниот Клајв Дејвис, продуцентот заслужен за нејзиното големо враќање во 1980-те години.

-Повторно потпишав за Клајв и снимаме нов албум – рекла Арета за „Асошиејтид прес“.

Се осврнала и на биографскиот филм кој наскоро треба да почне да се снима, но пејачката само кратко изјавила дека продукцијата моментално е во „лимбо“ и дека во овој момент има премногу планови и обврски за да се занимава со филмовите во предпродукција.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top