Ахиловата пета на хороскопските знаци

Секој астролошки знак има одреден дел од телото кој му е особено чувствителен и кој треба да биде третиран со поголема нега и грижа. Прочитајте што велат ѕвездите, за тоа кој дел од вашето тело заслужува посебно внимание.Ахиловата пета на хороскопските знаци.

 |   | 
body
body

Секој астролошки знак има одреден дел од телото кој му е особено чувствителен и кој треба да биде третиран со поголема нега и грижа. Прочитајте што велат ѕвездите, за тоа кој дел од вашето тело заслужува посебно внимание.Ахиловата пета на хороскопските знаци.

body

Овен
Овните се осетливи на главата, па затоа се посклони на главоболки од сите останати знаци во зодијакот. Свеж воздух и длабоко дишење се двете нешта кои секогаш му се потребни на тврдоглавиот и импулсивен овен.

Бик
Бидејќи бикот е најосетлив на грлото, често се соочува со отекување на овој орган. Тој секогаш треба да има таблети за грло при рака, како и да се држи настрана од луѓе со настинка.

Близнаци
Близнаците треба да водат сметка за горниот дел од своето тело за да превенираат појава на тензични состојби. Нивната Ахилова пета е градниот кош, поточно рамената и белите дробови. Тие мора да прават редовни вежби за истегнување, а добро им годат и медитативни сесии.

Рак
Припадниците на знакот рак чувствуваат најголема слабост во градите и стомакот, што ги прави осетливи на храна богата со јаглехидрати. Всушност, слатките јадења со многу шеќери можат буквално да го соборат осетливиот рак. Затоа овој знак треба да практикува балансиран режим на исхрана и редовни вежби.

Лав
Слабата точка на лавовите е нивното срце и ‘рбетниот столб, а тоа значи дека тие треба да избегнуваат масна храна со висок процент на холестерол, како и да ја одржуваат еластичноста на нивниот грб со редовни вежби за истегнување.

man woman

Девица
Најчувствителниот дел од телото на девицата е нејзиниот дигестивен систем, поради што понекогаш одреден вид храна може да ù прави проблем. Најдобро би се чувствувала доколку припазува што консумира, односно да држи некаква полесна диета и да јаде храна која содржи растителни влакна, за да го скроти нејзиниот темпераментен дигестивен систем.

Вага
Со вагата управуваат бубрезите, па затоа таа мора добро да се грижи за нејзиниот уринарен систем. Пожелно е да пие многу вода и често да јаде зеленчук кој содржи многу вода – броколи, зелка и карфиол.

Скорпија

Најчувствителен дел од телото на скорпијата се нејзините гениталии и долниот дел на дигестивниот систем. Преставниците на овој хороскопски знак се склони на воспаленија и покачување на телесната температура. Скорпиите треба да се држат настрана од луѓе кои можат да ги заразат со некаква бактерија и дефинитивно не треба многу често да консумираат црвено месо и алкохол.

Стрелец
Стрелецот е најосетлив на колковите, бутовите и црниот дроб. Со нивната голема љубов кон патување, тие треба буквално да внимаваат како чекорат, бидејќи се склони кон сопнување.

Јарец
Најслаба точка на јарецот му се колената и зглобовите, па затоа за родените во овој знак би било мудро да ја зголемат нивната флексибилност со таблети од рибино масло, кои ќе ги одржат нивните делови од телото за движење „подмачкани“. Исто како што јарецот (животното) стабилно се искачува по стрмни патеки, така и претставниците на овој знак треба да бидат внимателни додека чекорат.

Водолија
Најважно за водолијата е да го одржува циркуларниот систем во добра здравствена состојба, што е малку тешка работа за знак кој не е познат по неговата практичност. Годишен лекарски преглед и исхрана со ниско ниво на холестерол се задолжителни за родените во овој знак.

Риби
Најчувствителен дел од телото на рибите се стапалата и лимфниот систем. За стапалата, најважно е правилното одбирање обувки, додека пак за одржување на имунолошкиот систем, одлично би им дошла лимфна дренажа.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top