„Балканска 3а/2“ овој петок на репертоарот на охридскиот народен театар

Овој петок, 24-ти јануари, со почеток во 20 часот, во охридскиот Народен театар ќе биде изведена претставата „Балканска 3а/2“ од Дејан Дуковски, во режија на Ана Батева. Во претставата играат: Стрезо Стаматовски, Елизабета Стефановска, Филип Кипровски, Никола Тодоровски. Сценографија/костими: Борис Георгиев, музика: Стефан Здравески.

 |   | 

„Балканска 3а/2“ е црна комедија во која недостатокот на човечност во човекот е нормална појава, а човековата отуѓеност од современиот свет е секојдневие; „Балканска 3а/2“ е трилер кој има за цел да ни покаже антиопштествени форми на однесување, кои освен што го изветоперуваат социјалното функционирање на едно општество, го загрозуваат и неговото постоење; „Балканска 3а/2“ е слика на апсурдот на нашето време, а оттаму и комичен приказ на денешното живеење.

Картите по цена од 200 денари се пуштени во продажба на билетарата при НУЦК “Григор Прличев”. Телефон за резервации 046/261-063, 075/283-066.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.

© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top