Охридски готвач, еден од најдобрите на Меѓународниот гастро-туристички шампионат „Ниш 2016“

Извонреден пласман на македонските готвачи-шефови на кујни на 3-тиот Меѓународен гастро-туристички шампионат Ниш 2016, што Угостителско туристичкото здружение од Ниш го организираше од 08-10 јуни на Нишкиот саем.

 |   | 

Извонреден пласман на македонските готвачи-шефови на кујни на 3-тиот Меѓународен гастро-туристички шампионат Ниш 2016, што Угостителско туристичкото здружение од Ниш го организираше од 08-10 јуни на Нишкиот саем.

Македонскиот национален тим предводен од шефовите на Здружението на готвачи ГАСТРО МАК, се врати со Пехарот за најдобар готвач на Шампионатот, Пехар за најдобар ресторан, освоени 15 златни медали, дипломи за поддршка и развој на гастрономијата и почесно членство на ГАСТРО МАК во Асоцијациите на шефови на регионот Сицилија од Италија и Романија.

Тимот на Здружението на готвачи ГАСТРО МАК се натпреваруваше во сениорска конкуренција во 5 категории: подготвување на чорба од риба, национална кујна, подготовка на јадење на скара, национална кујна на модерен начин и подготовка на фламбирано јадење пред гостин.
Ресторанот ЈУГ од Мрзенци, беше прогласен за најдобар партнерски ресторан и беше генерален покровител на Македонската вечера Шампионатот Ниш 2016

Привилегија на македонскиот тим беше довербата од организаторот, шефовите на ГАСТРО МАК да подготват 1000 порции јагнешка чорба за посетителите на Нишкот саем кои со голем интерес ги следеа натпреварите во поединечните и екипните категории.
Годинава на Шампионатот земаа учество околу 400 натпреварувачи и 30 меѓународни судии од 20 земји меѓу кои: Германија, Романија, Словенија, Црна Гора, Швајцарија, Италија, Израел, Холандија, Велика Британија, Словачка, Србија, Бугарија, Грција, Тунис, Унгарија, Босна и Херцеговина, Австрија, Азербејџан, Хрватска и Македонија.

Влатко Ѓјоргиески , шеф на ресторан во хотел “Бетон” Охрид, освои златни медеали во категорија чорба од риба, подготвување на традиционална кујна и модерна кујна.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top