Пеколната „Гренфел тауер“ досега однесе 12 животи

Фасадата што придонела брзо да се рашири големиот пожар во лондонскиот облакодер во кој загинаа најмалку 12 луѓе била направена да се подобри изгледот на зградата.

 |   | 

Фасадата што придонела брзо да се рашири големиот пожар во лондонскиот облакодер во кој загинаа најмалку 12 луѓе била направена да се подобри изгледот на зградата.

За време на реновирањето на „Гренфел тауер“ минатата година, надворешните страни на зградата биле препокриени со панелна вентилирачка фасада од евтини материјали, што било направено за зградата да изгледа подобро кога ќе се гледа од околината во северен Кенсингтон, покажаа урбанистичките планови.

Реновирањето чинело 8,6 милиони фунти и завршило во мај минатата година. Пред и по реновирањето, станарите постојано се жалеле во врска со безбедноста на зградата, но им било кажувано дека нема проблем.
„Рајдон“, компанијата изведувач на реновирањето, вели дека промените на фасадата биле направени за да се подобри термалната изолација и за да се модернизира надворешноста на зградата.

Пожарот во зградата во западен Лондон бил пријавен околу еден часот полноќ и пожарникарските служби велат дека спасиле 65 луѓе. Полицијата соопшти за 12 загинати, но предупреди дека очекува бројот на мртви да порасне. Во зградата имало неколку стотици станари кога избил пожарот и најголем дел од нив спиеле.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top