Шеесет години во друштво на гајдите и на тапаните

Слободан Димоски е еден од малкумината изработувачи на овие народни инструменти кој грижливо ги чува македонскиот фолклор и уникатноста на македонската изворна музика.

 |   | 

Слободан Димоски повеќе од шест децении е чувар на уникатноста на македонската изворна музика. Заедно со неговиот син Зоран Димоски, кому му го препуштил занаетот и двајцата изработуваат тапани и гајди. Слободан ќе каже дека неговиот син дури и го надминал во занаетот. Користејќи само природни материјали, и користејќи алати кои исто така самиот ги изработил, Слободан ќе рече дека иако сега не е активно вклучен во изработката на овие инструменти, сепак неговиот наследник, секогаш ја бара неговата оценка и псоледниот збор за изработениот инструмент.

„Сега синот работит јас некоја финишка работа што е малку, да ги направам писките тие работи, синот ми работи сега, поквалитетен е од мене, поубаво ги работи тој отколку јас што ги работам“ објаснува Димоски.

Доколку сакате да имате гајда во својата музичка колекција за тоа ќе ви требаат само 5000 денари, тапаните се дури и поефтини, објаснува чичко Стојан. Многу малку се цени трудот, а и луѓето немаат пари. Од година се намалува интересот за купување на овие инструменти и кај неговите најредовни муштерии, странците и нашите гастербајтери. купуваат овие инструменти.

„Порано беше голем пазарот и интересот, имаше холанѓани, овде немаше тезги се собираа пензионери и свиреа на гајди. Имаше повеќе промет, сега слабо некако. Забранија во Австралија кожа и дрво да се пренесува тие земаа повеќе. Холанѓаните земаа, сега послабо“, вели Димоски.

Во литературата за музичката историја и за македонските традиционални инструменти имам сретнато податок дека гајдата како инструмент за прв пат во Македонија се споменува и се употребува во Охридскиот регион во селата Сирула и Вапила. Гајдата е составена од неколку делови и тоа сурла или гајдарка, брчало, дувало и мев. За изработка на гајдата е потребно пред се кожа, дрво „зеленика“ и рог од говедео. Сега е малку потешко да се најде рог, а од кожа се употребува јагнешка или јарешка. Кожата најпрво треба да се штави, со брашно и сол, а дрвото најпрвин се суши, а потоа се обработува. Дури и гајдите од овие две села се викаат Сирулка и Вапилка.

„Некој од Сирула, заминал домазет во Прилеп, и од Сирула почнал да изработува гајди во Прилеп и така почнало да се шири во македонија на Гајдите, имаше и книга една стра дека во Сирула излегла првата гајда во Македонија“ раскажува Димоски.

За разлика од гајдите, интересот за тапаните е нешто поголем и покрај странците, нив ги бараат културно-уметничките друштва и музичките групи кои ја негуваат традицоналната македонска музика. Инаку за иработка на тапанот треба кожа од јаре и дрво од орев. Дрвото се витка и треба да отстои за да се исуши. Потоа се поставуваат обрачи и се шие кожата, која од едната страна на тапанот треба да биде подебела, а од другата страна потенка. Чичко Слободан секој понеделник и среда е на плоштадот кај стариот охридски чинар, чекајќи ги своите муштерии. Пресреќен е што покрај неговиот син, сега и неговиот внук пројавил интерес за овој занает, кој се надеваме нема да згасне.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top