Богослужби по повод храмовиот празник Успение на Пресвета Богородица–Голема Богородица

Дебарско-кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на 27-ми август, сабота, во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ – Каменско, со почеток во 17 часот, ќе се служи празнична вечерна богослужба со опело, по повод храмовиот празник Успение на Пресвета Богородица – Голема Богородица. На вечерната богослужба ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј.

 |   | 

На 28-ми август, недела, со почеток во 9 часот ќе се служи света архиерејска литургија, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско – кичевски г. Тимотеј. На овој ден богослужба ќе има само во црквата „Успение на Пресвета Богородица – Каменско“(едноцрквие).

Дебарско-кичевската епархија ги повикува сите свои верници на учествување и заедничко прославување на овој празник.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.

© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top