ЗНМ: „Не ни треба Закон за медиуми“

75 илјади евра и 18 илјади евра казна за новинари поради изеречена клевата. Новинари избркани од настан, поконкретно од доделувањето на наградата 11 октовмри. Селективно проверување на имотната состојба на новинарите или накратко кажано безредието во новинарставото се дел од причините поради кои ЗНМ води прегоговори со владата

 |  Татјана Маленкова  | 
sostanok znm
sostanok znm

75 илјади евра и 18 илјади евра казна за новинари поради изеречена клевата. Новинари избркани од настан, поконкретно од доделувањето на наградата 11 октовмри. Селективно проверување на имотната состојба на новинарите или накратко кажано безредието во новинарставото се дел од причините поради кои ЗНМ води прегоговори со владата. „За жал од првата средба на која се договоривме да потпишеме меморандум за разбирање во кој утврдивме дека разговорите ќе ги водиме во конструктивна атмосвера со меѓусебно почитување, во овој меѓупериод ни се случуваат работи кои венесуваат непотребна нервоза во редовите на новинарите“, рече при посетата на Охрид и ТВМ претседателот на ЗНМ, Насер Селмани.

„ Ваквите случувања, внесуваат недоверба кај нашите колеги за преговорите со владата. На следната средба ќе бараме објаснување за сите случувања и пред да продолжиме со разговорите, бидејќи е невозможно да водиме разговори во услови на притисоци. Ако не престанат овие притисоци скептични сме дека може овие преговори или разговори да ги доведеме под знак прашање“, истакна претседателот на ЗНМ Насер Селмани.

sostanok znmСелмани проговори и за средбата со уредници, новинари, претставници на невладини организации, експерти и дел од сопствениците кои се занимаваат со прашањето на медиумите на неодамна одржаниот состанок во Маврово.
„Запрепастен сум од инстиратњето на дел од тие колеги кои со маѓично стапче најдоа решение за проблемите во Македонија, велејќи дека треба да донесеме закон за медиуми“, вели Селмани.

„ Ставот на ЗНМ, а гледам и вашиот дека прво владата треба да ги  спроведе постојните закони, а после да разгледаме евентуална можност за донесување на нов закон. За нас инситирањето да се донесе закон за медиуми е во спротивност со препораките од последниот состанок од европската комисија каде се инсистира на саморегулација. Она што тие колеги ни го нудат е спротивно на тоа. Регулација. Таков пристап не прифаќаме и со сите аргументи ќе се спротивставиме на таа идеја“, вели Селмани.

На состанокот претседателот на ЗНМ побара идеји од новинарите кои би им ја олеснале работата доколку се изнајде начин да се имплементираат. Сопственикот интернет порталот „Охрид 1“, Љупчо Таневски  предложи и медиумите да подежат под државна ревизија и средување на безредието на интернет порталите.

sostanok znm„Не се залагам да се цензурира интернетот кон одредени портали да неможе да се пристапи од нашата држава, остро сум против тоа, но сметам дека судскиот состав во Македонија еднаш засекогаш треба да воспостави вештачење на тоа поле, нешто што е многу едноставно и технички изводливо затоа што може да се докажи и чив е сајтот и од која држава се работи на него, од каде се објавуваат информациите, дури и од кој компјутер е веста поставена на сајтот“, истакна Танески.

Танески додаде дека поголемиот дел од интернет порталите не се знае ни од кого се, а некои од нив немаат ни регистрирани фирми, а домејните им се регистрирани во странство. „Работат и користат дел од маркетинг колачот, а ниедна служба не ги контролора.
Инаку дел од раковоството на ЗНМ и претседателот на регионачлната канцеларија на здружението, денеска се сретнаа со охридските новинари. Средбата се одржа во Tелевизија ТВМ.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top