Жителите бараат хуман третман кон животните скитници

Мирјана Зеко и нејзините соседи се  длабоко потресени од вчерашната старвична  глетка на куче кое умирало во агонија од затруена храна на улицата Гоце Делчев во Воска. Кучето скитник беше миленик на сите во малата, го хранеле и не било агресивно.

 |  Валентина Нелоска  | 
kucinja
kucinja

kucinjaМирјана Зеко и нејзините соседи се  длабоко потресени од вчерашната старвична  глетка на куче кое умирало во агонија од затруена храна на улицата Гоце Делчев во Воска. Кучето скитник беше миленик на сите во малата, го хранеле и не било агресивно. Очевидци на настанот биле и 20 -тина деца кои биле во непосредна близина и го чекале училишниот автобус. Зеко прашува каква порака со тоа им се упатува на децата. Реагира  на нехуманиот однос на луѓето кои ги трујат кучињата  скитници. Мирјана  Зеко непријатно искуство имала пред неколку години  со нејзиниот домашен миленик Рекс затруен на сличен начин, а по кој таа и нејзиното семејство жалат и денес. Зеко е голем љубител на животни и во нејзиниот живот досега  вдомила над 500 домашни миленици. Се кае затоа што не го вдомила и отруеното  куче иако во моментов одгледува 2 кучиња кои ги спасила, а биле напуштени и повредени, 4 мачки скитници и две птици. Таа ги повикува институциите да преземат мерки на хумано однос кон животните скитници. За вчерашниот случај прстот го вперува кон Комуналец како главен виновник за ваквите појави. Го контактирала Јавното претпријатие, но добила одговор дека тие  немаат таква служба.
Директорот на ЈП „Охридски Комуналец“,  Сашо Алчев  и во нашиот разговор тврди  дека немаат таква служба. Алчев вели поседуваат само опрема и возила за подигање на пцовисани животни од јавните површини. Вели за да се спречат ваквите  појави  подготвени се да организираат прифатилиште за напуштени домашни миленици. Капацитетот би бил  прифаќање на 20 домашни мичленици неделно. Планираат проектот да стартува за еден месец доколку бидат вклучени неколку општини од регионот. Проектот е скап и  може да опстане  само  доколку  ни се приклучат и  Комуналните претпријатија од Струга и Вевчани, истакнува директорот на ЈП Комуналец Алчев.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top