Жител на Оровник седум години чека исплата за одземено земјиште од државата

Вангел Јолакоски од Дебрца, седум години чека исплата за одземеното земјиште од страна на државата при изградбата на автопатот Охрид-Кичево. Случајот се води во Управниот суд, кој три пати донел пресуда во полза на оштетениот, но Второстепената комисија ја поништува одлуката. Јолакоски најавува протести и блокади.

 |   | 

Вангел Јолакоски од село Оровник во општина Дебрца, седум години бара правда за одземеното земјиште за изградбата на автопатот Охрид-Кичево. Експропријацијата се извршила во 2014 година, одземени му се 1825 квадрати, не се сложиле за цената, државата понудила 20 евра од квадрат, а реалната била двојно повисока.

Спорот го решавале по судски пат, Управниот суд три пати одлучил во негова полза, но Второстепената комисија ги поништува правосилните пресуди.

Последната одлука на Управниот суд  е донесена во февруари годинава, со налог да се исплати надометок на сопственикот на земјиштетото, но до денес нема одговор.

-Второстепениот орган треба да постапи, а сите недостатоци се кај Второстепениот и првостепениот орган од страна на судот се е исправно од страна на Владата се е исправно. Но Второстепениот орган постапи како да е над сите, ниту од Судскиот совет, ниту од Управниот суд не ги почитува пресудите.-вели Вангел Јолакоски, оштетен.

Голем број жители на Дебрца, не се сложија со понудената цена за експропријација, но по судски пат добија реална цена за одземеното земјиште од страна на државата.

-Седум години не малтретираат на сите им исплатија се од тука натаму е исплатено освен мене.-се жали Јолакоски.

Јолакоски помош побарал и од премиерот и од претседателот на државата, тие го поддржале и упатиле до Народниот правобранител, кој пак одговорил дека Второстепената комисија мора да ја уважи пресудата на Управен суд.

Денес на одземеното земјиште кај Подмолје е изграден дел од автопатот, Јолакоски најави блокади и протести, а воедно вели правдата ќе ја бара и на Меѓународните судови.

 

Новинар Соња Рилковска

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top