ЗГ„Совест“ одржа јавна трибина за градежните зафати врз Али пашината џамија

Здружението на граѓани Совест одржа јавна трибина за градежните зафати врз Али пашината џамија. Граѓаните дебатираа и побараа институциите да ги почитуваат законите. Потсетија дека охриѓани се за соживот со сите сограѓани и бараат презентација на сите слоеви на културното наследство што се на просторот на Али пашината џамија, и на црквата и на ранохристиајнската базилика. За овој едногодишен проблем го информирале и комитетот на Унеско во Париз.   

 |  Валентина Неловска  | 

ЗГ „Совест“ организираше јавна трибина за нелегалните градежни зафати врз Али пашината џамија. Голем број присутни граѓани и експерти од повеќе области дебатираа за сите прашања поврзани со објектот, како што истакнаа, и со нелегалната изградба на 32 метарското минаре на Али пашината џамија. Дебатираа архитекти, историчари на уметност, експерти од повеќе области, членови од надзорниот одбор во Завод и музеј. Сите порачаа, немаат верска или етничка нетрпеливост кон било кого, туку бараат почитување на законските одредби за зачување на културното и историско наследство со кое Охрид е под заштита на Унеско.

„Законите се прекршени. Прво не е одобрено. Документацијата со која располагаат не е потполна до последниот документ. Одобрението за градба и документацијата не се во ред“, истакна архитектот Димитар Зарчев.

ЗГ „Совест“ во изминатите месеци одржа бројни прес конференци на кои се повикуваа институциите да ги почитуваат законските одредби и да ја сопрат нелегалната изградба на минарето. Здравко Чорбев, како член на Надзорниот одбор во НУ Завод и музеј, од поранешната директорка, побарале на увид да им се достави целата документација и при тоа констатирале пропусти.

„Тука работите смрдат. Влезена е мафија. ИВЗ нема врска што ќе се гради и дека се планира минаре од 32 метри. Надзор има од Штип кој нема доставено извештај што се работи на објектот. Нема дозвола за градба, туку за конзервација, а тоа е друга работа“, вели Чорбев.

Граѓаните се интересираа за преземените иницијативи од надлежните инситуции и што во меѓувреме тие направиле, како и дали е информирано Унеско или до каде е постапката со кривичните пријави кои ЗГ Совест ги поднесе за поединци кои дозволиле нелегални градежни работи на Али Пашината џамија. Се интересираа кои ќе се следните чекори на ЗГ Совест и која порака од јавната трибина ќе ја испратат до институциите.

„Дали има посилна порака кажуваме каде грешат, а повратен одговор нема. Каква поголема порака да испратиме како ЗГ. Да си ја завршат својата работа“, рече Томе Џамтоски од ЗГ Совест.

На дебатата се слушнаа предлози со кои граѓаните потенцираа дека Али пашината џамија треба да не обединува, а не да не раздели. Падна предлог на објектот да се презентираат сите културно историски слоеви бидејќи низ вековите тука прво имало Ранохристијанска базилика, потоа врз неа била изградена црква, која подоцна била претворена во џамија.
Се слушна и предлог за покренување на иницијатива за референдум на кој охриѓани ќе го кажат своето мислење околу изградбата на 32 метарско минаре на Али пашината џамија.
Се чека одговор и од Комитеот на Унеско од Париз.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top