Земјотресите, медиумите, социјалните мрежи и паниката

Несоодветни фотографии од урнатини, распукани патишта, непроверени па дури и лажни информации, страотни предвидувања за силни потреси, а се тоа  во врска серијата земјотреси кои го погодија Охрид, предизвикаа осуда, лавина коментари и остра реакција од граѓаните на социјалните мрежи.  Но не и од  институциите .

 |   | 

Охрид деновиве најдобро ја почуствува „битката за насловната страница“, односно за „кликови“ или „отворања“ кај интернет медиумите . Серијата земјотреси кои изминатиов месец и половина го зафатија регионов, извесни електронски медиуми буквално ја злоупотребија, само за да бидат први во трката за тоа кој ќе има најсеназционален наслов, најстраотна фотографија, а несвесни за стресот кој го предизвикиуваат кај граѓаните, ширењето на паника или за економската штета која градов ќе ја претрпи, со оглед на тоа што случувањата кои никој не може да ги предвиди и контролира ни дојдоја во самиот ек на туристичката сезона.

Што и како ќе биде пласирано е прашање на етиката и на професионализмот, а прашање на законодавството е што од тоа ќе се санкционира. Е сега проблемите со законската регулатива на електронските медиуми, повторно излегоа на површина. Заменик градоначалникот на Охрид и првиот човек на кризиниот штаб Ангел Јанев, истакна дека мора да се сфати сериозноста од ширењето на паника преку пласирање на непроверени па и лажни информации.

„Ние сме свесни дека на некои портали излегоа слики од патишта што се полу срушени, патишта што се во Охрид или во околината на Охрид. Тоа е аспурд. Уште потешкое што тоа не се санкционира. Ако мене лично ме прашате, мојот став е дека тоа е за затворска казна без размислување“, истакна Ангел Јанев – Заменик градоначалник Општина Охрид.

И навистина уште на самиот почеток институциите реаагираа веднаш. На првите состаноци на кризниот штаб во Охрид, се дискутираше за една од главните мерки кои органите на Министерството за внатрешни работи ќе ги преземе во периодов во насока на намалување на паниката, предизвикана од непроверени и неточни информации пласирани пред се на социјалните мрежи.

Кога станува збор пак за информациите кои се пласираат на интернет порталите, кои исто така предизвикуваат паника, мора да се следат законските регулативи и да таквите медиуми да бидат пријавени од страна на институција или поединец во Министерството за внатрешни работи.

Иако изгледа како минорен проблем, сензационализмот е сѐ, само не појава што треба да се игнорира. Ова може да се смета и како укажување, совет, па и насока во преговорите околу новата медиумска регулатива, а деновиве Охриѓани тоа најдобро го почувствуваа на своја кожа.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top