Земјоделците да поднесат барање за паушално оданочување за 2016 година

УЈП ги повикува земјоделците да поднесат барање за паушално оданочување за 2016 година. Доколку приходот од земјоделската дејност во 2016 година не надминува 1.300.000 денари, земјоделците до 31 јануари 2017 година можат да поднесат барање за паушално оданочување до Управата за јавни приходи. И оваа година има даночни олеснувања дури до 80%.

 |  Николоска Биљана  | 

 

Почнува постапката за поднесување барање за паушално оданочување на земјоделците за 2016 год. Без разлика дали земјоделството претставува основна дејност или таа ја вршат како дополнително занимање, регистрацијата за паушално оданочување овозможува персоналниот данок да се плаќа еднаш во годината без дополнителни трошоци за водење делови книги, појаснуваат од УЈП. Сите граѓани кои остваруваат приход од земјоделска дејност, сточарство, пчеларство, треба да се регистрираат во УЈП како земјоделци најдоцна до 31 јануари 2017 год, пренесува Рејна Стефановска раководителот на даночното одделение на УЈП Охрид.

„Доколку се регистрирате со основна дејност имате целосно ослободување за приходот остварен до 300 000 денари. Ако приходот е од 300 000 денари до 1 300 000 денари има даночно олеснување од 80% на остварениот приход, односно се плаќа данок само 20% на остатокот т.е 10% персонален данок. На субвенциите има ослободување од данокот“ – појаснува Стефаноска.

Истото важи и за земјоделците кои се регистрирани со дополнителна дејност и тие имаат ослободување од 80% на остварениот приход, информираше Стефаноска. Таа појасни дека земјоделците кои имаат промена на личните податоци, односно адреса и телефон, промената може да ја направат во инфо центарот на тел 0800 33 000, доколку пак има промена на податоци од работна активност како што е тоа трансакциска сметка или пак промена во членови на семејно земјоделско стопанство тогаш до УЈП се поднесува образец. Стефаноска потсетува и на услугата на УЈП за електронско плаќање на даноци.

„Земјоделците може да си ги проверат регистрационите податоци преку интернет, а постапката за регистрација за електронско плаќање на даноци е бесплатна. Во декември и јануари, УЈП организира бесплатни едукативни посети и обуки за земјоделците. За све што ве интересира во врска со регистрацијата за основна или дополнителна дејност може да се обратите до даночното одделение Охрид УЈП “.

На подрачјето на општина Охрид и Дебрца досега регистрирани се 91 обврзник со земјоделство како основна дејност а 516 обврзници со дополнителна дејност. Инаку земјоделците до 31 јануари 2017 година, треба во УЈП да поднесат образец, односно пријава за регистрација на обврзници кои остваруваат приход од земјоделска дејност и образец, барање за паушално оданочување на остварени приходи од земјоделска дејност. Доколку веќе сте регистрирани како земјоделец со основна или дополнителна дејност до УЈП секоја година до 31 јануари треба да достават образец, односно само барање за паушално оданочување на остварени приходи од земјоделска дејност.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top