Заврши кампањата за вакцинација против ХПВ вирусот

Денес заврши заедничката кампања на министерствата за здравство и образование „Да се бориме заедно против ракот на грлото на матката“, односно кампањата за бесплатна вакцинација на девојчињата против ХПВ вирусот.

 |  Габриела Трпческа  | 
HPV vakcina
HPV vakcina

Jovanka KoroveshoskaДенес заврши заедничката кампања на министерствата за здравство и образование „Да се бориме заедно против ракот на грлото на матката“, односно кампањата за бесплатна вакцинација на девојчињата против ХПВ вирусот. 500 евра казна за родителите кои нема да дозволат вакцинирање со ХПВ вакцина, против рак на грлото на матката на нивното девојче. Кампањата, во Охрид,  со катастрофален резултат, вели д-р Јованка Стурлакова Коровешоска.
До основните училишта во земјава биле доставени известувања за задолжителна вакцинација на девојчињата од 12 до 14 годишна возраст, по што Директорите на училиштата организирале родителски средби, на кои, предавања одржале претставници од Центарот за јавно здравје, кои на родителите им ја објасниле потребата од овој вид на вакцина. Д-р Јованка Стурлакова Коровешоска вели дека и покрај нивните залагања, одзивот кај родителите за вакцинирање на нивните  девојчиња бил премногу слаб. Од Центарот за јавно здравје информираат дека списоците со невакцинирани девојчиња на возраст од 12 до 14 години ќе ги достават до Државниот санитарен инспекторат, од каде што ќе се преземат понатамошни мерки. Од Министерството за здравство велат дека никој со сила не може да ги натера родителите да ги вакцинираат своите девојчиња, но ако се спремни да платат казна, тогаш нека го сторат тоа. Тие додаваат дека реакциите на родителите се неоправдани и дека вакцината е испитана и безбедна.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top