ЗАПОЧНУВА „ПОЕТСКА НОЌ ВО ВЕЛЕСТОВО“

Од денеска до 22 август на повеќе локации во село Велестово и во Охрид ќе се одржи 33. издание на манифестацијата „Поетска ноќ во Велестово“.

Свеченото отворање ќе биде вечерва со почеток во 21:00 часот во село Велестово, со настап на гитаристот Мартин Милески. За делото на Ристо Лазаров ќе беседи проф. Д-р Димитар Пандев, а стиховите ќе ги интерпретира актерот Ивица Цонев. Водител на програмата ќе биде Марина Димовска. Специјални гости на настанот ќе бидат учениците на годинешната 54.  летна школа на Mеѓународниот семинар  за македонски јазик, литeратура и култура.

Истата вечер со почеток во 22:00 часот, во тремот на црквата „Успение на Св. Богородица“ во село Велестово ќе биде отворена и изложбата „Татко и син Упевче (мозаици и цркви)“ на академските уметници Славко Упевче и Никола Упевче од Охрид. Со изложба се прославува 30-годишнината од отворањето на нивното ателје во Охрид.

На 21 август од 18:00 часот во кафе и бар „Шила“ во Охрид ќе се одржи интернационалното поетско читање на кое со видеопроекција ќе се претстават Кристин Омарсдотир и Сигурбјорг Трастардотир од Исланд, Надија Реброња од Србија и  македонскиот поет Андреј Ал-Асади.

На 22 август од 18:00 часот ќе се одржи настанот „Поезија Залез“ во селото Велестово. За овој настан планиран е настап на домашните поети: Долорес Атанасова ‒ Лори, Сашо Огненовски, Ивана Јовановска, Андреј Ал-Асади и Надија Реброња од Србија.

Настаните ќе бидат организирани согласно протоколите и препораките на Владата и Министерството за здравство за заштита од ковид, со намален број на посетители и на отворено.

И годинава манифестацијата е поддржана од Општина Охрид и Министерството за култура.

Велестово, ноќ, поетска

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *



© All rights reserved. Powered by Портал ТВМ.
Back to Top