Започнаа подготовките за изградба на луксузен бутик хотел над плажата Горица 3

Започнаа подготовките за градба на луксузен хотел над плажата Горица 3 .

 |  Валентина Неловска  | 
хотел
хотел

На ридот, над плажата Горица три започнаа подготовките за изградба на хотелски копмлекс. Просторот е ограден, започна сечењето на шумичката со иглолисни стебла  и поставена е табла со податоци за објектот. На овој потег ќе се гради луксузен хотел,  ја најавува градежната хотелска инвестиција градоначалникот Никола Бакрачески.

хотел
„ Тоа е еден од познатите проекти со кој Локалната самоуправа и Охрид  се гордеат. Тука е најавена изградба на лукзузен хотел, бутик хотел, од групацијата Small Luxory Hotels.    Инвеститори ќе се Дивелоп груп кои имаат обврска да почнат со изградба на лукузен хотел кој ќе биде најрепрезентативен на охридското крајбрежје.“      

Хотелот ќе го гради домапшнатa компанија Дивелоп груп на 7000  мeтри квадратни. Според најавите хотелот ќе има  50 соби и 120 легла , а инвестициската  вредност чини 12 милиони евра. Хотелот  ќе биде дел од ланецот на хотелите Small Luxury  hotels кој ги има во околу  70 земји во светото со вкупно 520 хотели.
хотел
Градоначалникот покрај овој хотелски копмплекс најави дека луксузни хотели ќе се градат и на уште
 две локации на источното крајбрежје од езерото.  Интерес за вложување во хотелски објекти од висока категорија има од три странски инвеститори, кажува Бакрачески.
„ Сите тие тековно прибираат информации за локациите и се подготвуваат да реализираат инвестиции во луксузни хотели што е заложба на ЛС и на Охрид. На градот со децении наназад му недостасуваат хотели со 5 звездички кои се неодложно потребни на градот доколку во иднина сакаме да бидеме сериозна туристичка дестинација.“

Инвеститорите кои се интерсираат за вложување на две локации на охридското крајбрежје се од Катар Русија и Украина, открива охридскиот градоначалник Никола Бакрачески.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top