Започна теренската вакцинација

Граѓаните од денеска може да се вакцинираат без претходно закажан термин, вакцинацијата се одвива непречено во сите оддалечени рурални места кои гравитираат кон еден центар за јавно здравје

 |   | 

Започна теренската вакцинација за граѓаните кои немаат закажан термин за вакцина. Процесот е организиран од здравствените домови од секој град, а ќе се одвива без прекин со веќе направен распоред. Паралелно се одвива процесот на вакцинација редовно во рамки на здравствените домови. Вакцинацијата ќе се одвива буквално во сите оддалечени рурални места кои гравитираат кон еден централен здравствен дом, а ќе се аплицира кинеската вакцина „Синовак“. Во неколку пунктови низ земјава од утринава е регистрирана гужва од страна на граѓаните во раните утрински часови.

-Ова е процес кој ќе се одвива без прекин со распоред направен од страна на здравствените домови распоредот ќе биде и повторувачки нема да се оди само еднаш во едно одалечено село или населено место , туку тимот ќе ротира откако сите мали места ќе бидат покриени еднаш согласно распоредот.-истакна министерот за здравство Венко Филипче.

Теренска вакцинација во Охридскиот регион се спроведува во објекти на општина Дебрца, месните заедници и основните училишта. Вакцинација за подрачјето на здравствен дом Охрид денеска се одвива во Оровник, Горенци, Требеништа, Волино, а утре во Климештани, Ботун, Злести и Белчишта. За подрачјето на здравствен дом Струга денеска се одвива вакцинација во селата Радожда, Калишта.

Во Вевчани вакцинација се одвива во Лабуништа, Боровец и Јабланица. Од здравствениот дом од Вевчани велат дека одзивот е задоволителен.

Во однос на вакцинација на децата, министерот Венко Филипче истакна дека ќе треба да се закажуваат термини на сајтот вакцинација.мк од денеска поради тоа што вакцината на „Фајзер“ кога ќе се отвори дозволува шест дози, а ако има мал број на пријавени деца во текот на денот доаѓа до ризик да се фрли вакцината и затоа вакцинирањето на децата ќе се спроведува преку термин и ќе започне од петок. Министерот Филипче на денешната- прес конференција при посета на еден од вакциналните пунктови во Скопје истакна дека рокот на вакцина за Астра–зенека се скратува на шест од 12 недели и дека сеуште ќе важи за постари лица над 60 години.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top